ЕКИПА во Копенхаген,
Владимир Булатовиќ
Интересно, новинар од спортската редакција на националната телевизија на Мексико е акредитиран во Копенхаген да го следи натпреварот меѓу Данска и Македонија од баражот за пласман на СП 2026, и да го „снима“ евентуалниот противник на мексиканската репрезентација во јуни.
Како што е познато, победникот од овој бараж, меѓу Македонија, Данска, Чешка и Р. Ирска, согласно ждрепката ќе игра на Мундијалот 2026 во група со домаќинот Мексико, Јужна Кореја и Јужноафриканската република.
Па, на денешната прес-конференција данскиот селектор Брајан Ример доби прашање од мексиканскиот новинар, што може да очекуваат мексиканските навивачи, која селекција од овие четири да ја очекуваат во Гвадалахара….
„Се знае… Се гледаме во јуни со мексиканските навивачи“ – самоуверен беше Ример во одговорот на прес-конференцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

