Новинарите го збеснаа Мурињо: Зарем противничките фудбалери имаат 10 години!?

Фенербахче направи голем чекор наназад во битката за титула во турскиот шампионат откако во ремизираше со 3-3 против Кајсериспор на домашен терен.

Ремито го разлуте Жозе Мурињо кој одново имаше арогантни одговори за новинарските прашања на пресконференцијата по крајот на средбата.

„Повторно ме прашувате за тоа дека на противникот му недостасуваа неколку играчи. Зошто ме прашувате тоа? Дали овие останатите се деца помлади од 10 години? Па тоа се професионални играчи. Која ви е целта? Имавте три прашања, а два пати ме прашувате за играчите кои им недостасуваат. Тие кои играа на ниво место беа мотивирани. Ако сакате да говориме за натпреварот, да говориме за натпреварот“, изјави Мурињо.

Се вчитува...