Катар важи за држава со неверојатно ниска стапка на криминал, па токму затоа шокантно делуваше искуството на аргентинската новинарка, Доминик Мегцер, која била ограбена додека давала ТВ-извештај во живо од улиците на Доха.
Полицијата за помалку од 24 часа го фатила крадецот, а потоа следело големото изненадување – повик до Доминик и барање таа самата да одлучи каква казна да добие лицето што ја ограбило. Како опции биле наведени протерување од Катар или затворска казна од десет години.
„Бев навистина изненадена кога веќе следниот ден ми се јавија, го фатиле крадецот и бараа јас да ја изберам казната. Бев во шок и побарав време за да размислам, а кога не им се јавив неколку дена повторно добив повик. На крајот, отидов во станицата и побарав крадецот да биде ослободен. Беа малку шокирани, но јас навистина мислам дека двете опции што ми ги дадоа беа престроги казни. Побарав да ми бидат вратени работите што ми беа украдени, веднаш го сторија тоа и мило ми е што оваа епизода заврши“, изјави аргентинската новинарка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА