Светот се менува, а со него и мобилностa. Бидете инспирирани од мобилноста на утрешнината. Со е-tron електричната мобилност е многу повозбудлива. Покрај фантастичниот дизајн, неверојатната управливост и иновативните технологии, подгответе се за речиси неограничена слобода. Audi Е-tron се напојува со електрична енергија, и од него сите имаат големи очекувања. Бидете денес дел од нашата еволуција, е-tron ја слави својата светска премиера на автомобилскиот саем во Шангај.
Концептот Audi e-tron Sportback е симбиоза на електрична мобилност и секојдневна удобност. Моделот е комбинација на спортско возење, со забрзување од 0 до 100 km / h за 4,5 секунди и моќност од 320 kW , и голема удобност со опсег до 500 километри. Дизајниран за секојдневна употреба, но и многу повеќе од тоа. Целосно новиот e-tron со quattro погон моќта ја пренесува директно на асфалтот. Огромниот вртежен момент на електричниот мотор нуди совршено возачко искуство. Нов quattro погон е претставен преку новиот концепт Audi e-tron Sportback со кој работи во совршена хармонија. Визијата e-tron е повеќе од фасцинација.
Концептот Audi e-tron Sportback е волшебно електрично возило со исклучителни спортски линии, големи површини и прави линии во задниот дел. Светлосниот сноп, типичен за Audi, и виртуелните ретровизори се само дел од деталите кои се истакнуваат. Неговата појава е моќна и елегантна. Во внатрешноста нова прозрачна боја ги потенцира возбудливите контури.Технологијата на осветлување кај новиот концепт Audi e-tron Sportback навестува иновативни и динамични насоки во развој. Задните светла меѓу другото се карактеризираат со дигитални анимации и детален преглед. Покрај тоа, тие се во можност да се прилагодуваат со цел поголема безбедност, преку јасни сигнали за сопирање и трепкање.Алтернативните технологии од Audi ветуваат возбудлива иднина без компромиси. Особено со моделот е-tron, задоволството од електричниот погон е загарантирано. Концептот Audi Sportback e-tron ги исполнува сите ветувања на електричната иднина.
Алтернативните технологии од Audi ветуваат возбудлива иднина без компромиси. Особено со моделот е-tron, задоволството од електричниот погон е загарантирано. Концептот Audi Sportback e-tron ги исполнува сите ветувања на електричната иднина, но денес Audi нуди се повеќе хибридни возила со високи перформанси. Новиот Audi Q7 e-tron quattro, е првиот plug-in хибрид со Quattro погон и импресивна ефикасноста како и со најдолг опсег во сегментот. Audi A3 Sportback e-tron комбинира моќ на електричен мотор со предностите на моторите со внатрешно согорување. Електричниот погон е голем дострел, благодарение на моќниот 4-цилиндричен мотор и секојдневната удобност.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА