Новиот бисер на Барселона ќе паузира цела година

Младиот талент на Барселона, Марк Бернал успешно беше опериран на коленото и менискусот, официјално информираа од Барселона. Интервенцијата ја изврши лекарот Жоан Карлес Монлау во локалната болница во градот и играчот ќе остане под надзор на клупските лекари.

Од Барселона додадоа дека очекуваното закрепнување на Марк Бернал треба да трае дури 12 месеци. Ѕвездата на играчот од средниот ред стана познат за време на летната турнеја на Каталонците, кога одлично се снајде со своите настапи во каталонскиот клуб.

Марк Бернал ја доби довербата на Ханси Флик, кој цврсто веруваше во него од почетокот на сезоната. Фудбалерот се повреди на натпреварот против Рајо Ваљекано во пресметка еден на еден со противнички играч. Надежите на Флик и луѓето во Барселона се дека Френки де Јонг и Ансу Фати ќе се вратат по репрезентативната пауза.

Се вчитува...