Лајпциг веќе подолго време не успева да врзе две победи во Бундес-лигата откако клубот на нашиот Елиф Елмас вечерва одигра само 1-1 на гостувањето против Сент Паули.
Нов блесок имаше Јан Диоманде, новиот бисер на Лајцпиг кој го постигна единствениот погодок, со нова одлична партија покажувајќи зошто половина од елитните англиски премиерлигаши подготвуваат мега-понуди за да го доведат во текот на летниот преоден рок.
Сепак, и тоа беше недоволно за триумф на Лајпциг откако Сент Паули во судиското продолжение преку Карс од пенал стигна до конечните 1-1.
Во вториот бундеслигашки меч што се играше вечерва Хофенхајм како гостин го совлада тимот на Вердер со 0-2, со головите на Прас и на Промел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

