Динамо Загреб продолжува со извонредниот старт во новата сезона од Лигата на Европа, триумфирајќи и во 2. коло овој пат на гостувањето против Макаби Тел Авив на дуелот кој се играше во Бачка Топола.
И покрај тоа што Израелците први поведоа уште во 14. минута, следеше целосен пресврт на „модрите“ веќе во првото полувреме.
Најпрво погоди Лисица во 16. минута за 1-1, а потоа Љубичиќ стрелаше во 19. минута за 1-2. Во второто полувреме, Љубичиќ со својот втор гол во 72. минута ги постави конечните 1-3.
Црвена Звезда, пак, не издржа до бод на гостувањето против Порто. Иако белграѓани имаа 1-1 се до 90. минута откако 17-годишниот Костов постигна убав гол пред полувремето за израмнување, на крајот Мора во последната минута со гол донесе победа за португалскиот тим.
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и неговиот Глазгов Ренџерс, пак, загубија со 2-1 на гостувањето од Штурм.
Миовски влезе во игра на стартот од второто полувреме при водство од 2-0 на Австријците. Гостите се обидоа во вториот дел да дојдат барем до бод, но не успеаја.
ЛИГА ЕВРОПА – 2. КОЛО
Базел – Штутгарт 2-0
Селта – ПАОК 3-1
Феенорд – Астон Вила 0-2
Генк – Ференцварош 0-1
Лион – Салцбург 2-0
Макаби Тел Авив – Динамо Загреб 1-3
Нотингем Форест – Митјиланд 2-3
Порто – Ц. Звезда 2-1
Штурм – Глазгов Ренџерс 2-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

