Новиот директор на Баерн најавува: Клубот нема да губи фудбалери за „џабе“

Денеска Баерн Минхен доби нови директор во името на Макс Еберл, кој доажа од Лајпциг. Тој веднаш најавува драстични промени во играчкиот кадар.

Запрашан за трансферот на Алфонсо Дејвис во Реал Мадрид, чиј договор истекува во 2025 година, Еберл најави дека веќе се разговара со неговиот агент.

„Се разбира, клубот не сака така лесно да губи фудбалери, а особено не за „џабе“. Ние веќе сме во преговори со неговиот агент, и ќе видиме како ќе се одвиваат преговорите. Сакам да видам каква е ситуацијата со него“, најави Еберл.

Наголемо се шпекулира дека Реал Мадрид летово ќе го ангажира Дејвис за далеку помала сума од неговата вредност, а ако не успее, тогаш ќе го чека истекот на неговиот договор, да го добие без пари, а Еберл најавува дека тоа мора да се спречи.

 

Се вчитува...