Новиот договор на Винисиус е прашање на денови

Реал Мадрид е блиску до договор за продолжување на соработката на Винисиус Јуниор. И покрај тоа што актуелниот договор на Бразилецот е до 2027 година, шпанскиот гигант веќе ги контактирал агентите на играчот за да го обноват договорот, и покрај интересот од Саудиска Арабија кој е се поголем.

Извор близок во Бразилецот тврди дека и покрај интересот, фудбалерот немал никогаш официјални разговори со било кој клуб од таа земја за можен договор.

Вчера се појави информација дека соблекувалната на Реал е разнишана токму поради Бразилецот, кој наводно носи немир со своето однесување. Особено неговото однесување се променило по недобивањето на Златната топка.

Се вчитува...