Неверојатна е побарувачката на дресот на фудбалската репрезентација на Аргентина со третата ѕвезда на светскиот шампион освоен пред една недела во Катар против Франција.
За неколку часа веќе не можеше да се нарача дресот со „трите ѕвезди“ преку интернет на страницата за е-трговија на Адидас, добавувачот на опрема на Лионел Меси и неговите соиграчи.
„Во оваа почетна фаза, првата серија достапни дресови е распродадена“, се вели во соопштението на компанијата.
Адидас не го прецизираше бројот на продадени дресови во понеделникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА