Арсенал го презентираше новиот дрес за следната сезона. Дресот е посветен на 20 години од сезоната за незаборав во која „топчиите“ ја завршија сезоната со титула без пораз.
Логото на клубот и ракавите се во златна боја. Арсенал ќе игра во овие дресови на последниот натпревар во Премиерлигата против Вулверхемптон.
Топчиите во оваа сезона беа блиску до титулата, меѓутоа резултатите во последните неколку недели беа разочарувачки, а тоа придонесе Манчестер Сити да ги престигне и на крајот да ја освои титулата. Арсенал во сезоната 2003/04 завршија без пораз со 26 победи и 12 ремија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

