Новиот европски шампион го откачи Сити: Не сум заинтересиран…

Во минатиот преоден рок, имаше шпекулација дека играчот на Реал Мадрид, Родриго ќе се пресели во Манчестер Сити како замена за Ријад Махрез, кој замина во Саудиска Арабија. Тогаш сумата која се споменуваше беше 100 милиони евра, но трансферот не се реализираше.

Сега одново има интерес, но играчот на Реал Мадрид не планира да замине во Сити.

„Нешто сите ме прашуваат за интересот на тој клуб, за некакви понуди… Не знам ништо за тоа, и не сум заинтересиран. Немам поим што се случува, и останувам тука, во Реал Мадрид. Тука сум среќен, и зошто би го напуштил Реал Мадрид?“, изјави Родриго, кој вчера со својот тим повторно стана шампион на Европа.

Се вчитува...