Новиот формат на Дејвис купот ќе тргне од Мадрид

Управниот одбор на тенискиот Дејвис куп донесе одлука главниот шпански град, Мадрид да биде првиот домаќин на новиот формат на репрезентативното натпреварување. Во трката, Мадрид го победи Лил и ќе ги пречека најдобрите светски селекции во 2019 и во 2020 година.

Интернационалната тениска федерација со соработка со компанијата Космос на чие чело е Џерард Пике решија радикално да го променат форматот на Дејвис купот. Во иднината натпреварувањето ќе има турнирски систем.

Шампионот ќе го одреди седумдневен турнир на кој ќе се борат 18-те најдобри репрезентации. Место на турнирот кој ќе биде одржан на крајот од ноември 2019 година веќе имаат годинашните полуфиналисти Хрватска, САД, Франција и Шпанија како и Аргенитна и Велика Британија кои добија специјални покани. Останатите 12 места ќе бидат пополнети низ квафикации закажани за февруари.

 

Се вчитува...