Челси продолжува со бројните трансфери и оваа зима. Последен кој го засили клубот од „Стемфорд Бриџ“ е Нони Мадуеке кој доаѓа од редовите на ПСВ во трансфер вреден 35 милиони евра. За него тоа воедно претставува и враќање во главниот град на Англија од каде и потекнува.
По потписот на седум и пол годишниот договор, 20-годишниот кој во младинските категории настапуваше за Кристал Палас и Тотенхем испрати и порака до лондонските ривали давајќи им дознаење што тој мисли кој е најдобар во Лондон.
„Ме прашуваат зошто Челси? Прво, роден сум во Лондон, а второ Челси е најдобриот клуб во Лондон“, изјави Мадуеке.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

