Новиот ко-сопственик Џим Ретклиф почна со работа како дел од извршната управа на Манчестер Јунајтед, но на британскиот милијардер брзо му стана јасно дека пред себе ќе има сериозен предизвик да го врати гигантот од „Олд Трафорд“ на врвот ан англискиот фудбал.
Финансискиот ферплеј е причината поради која Јунајтед не може да тргне со трансфери во јануари, барем не додека не ослободи место во буџетот продавајќи дел од постоечките фудбалери. На удар на Ратклиф се наоѓаат најплатените фудбалери во тимот, па така на Рафаел Варан (над 300.000 фунти неделна плата) веќе му беше соопштено дека во јуни ќе биде слободен играч, а следен на удар е Кашемиро.
Бразилецот дојде како големо засилување од Реал Мадрид за 60 милиони фунти, почна добро, но како што одминува времето неговата улога во тимот на Тен Хаг се минимизира, меѓу другото и поради честите повреди што Кашемиро ги заработува. Тој е надвор од тимот уште од ноември, неизвесно е кога ќе се врати, што ја компликува мисијата на Ретклиф да го продаде уште во јануарскиот преоден рок.
Платата од 350.000 фунти неделно ја отежнува продажбата во друг европски клуб, но челниците на Јунајтед се надеваат дека ќе можат да го испратат Кашемиро во Саудиска Арабија, каде оваа сума не би била проблем, а воедно „црвените ѓаволи“ би добиле и најмалку 30 милиони фунти отштета, пари што потоа би биле реинвестирани во нови засилувања.
Во следните 24 часа Јунајтед ќе го официјализира и заминувањето на Џејдон Санчо, кој ќе се врати на шестмесечна позајмица во Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА