Астон Вила договори уште едно одлично засилување за навалната линија откако беше постигнат договор со Ватфорд за преселбата на Исмаил Сар на „Вила Парк“.
Станува збор за брзоног крилен офанзивец кој доаѓа од Сенегал, поради што уште пред две години го доби прекарот „новиот Садио Мане“. За неговите услуги пред извесно време се интересираа и Ливерпул и Манчестер Јунајтед, во меѓувреме тој интерес се олади, а Астон Вила успеа да постигне договор со Ватфорд, Сар за сума од 25 милиони фунти да му се стави на располагање на Стивен Џерард.
Сенегалецот не беше во тимот на вчерашниот дуел со Престон и се очекува тој утре да ги мине лекарските прегледи, по што ќе потпише петгодишен договор со Астон Вила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

