„Новиот Марадона“ добива двојно „побогат“ договор од Наполи

Само неколку месеци од неговиот ангажман, Наполи ќе му понуди нов договор на грузискиот фудбалер Квича Кварацхелија. Крилниот фудбалер блесна со настапите во оваа сезона, па планот на „Наполитанците“ е да го врзат и така барем за момент да го намалат притисокот од големите европски клубови.

Според информациите, Наполи има намера двојно да му ја зголеми платата на Кварацхелија, која во моментов изнесува 1,2 милиони евра. Со тоа се очекува да порасне на 2,5 милиони евра, и новиот договор ќе биде до 2028 година.

Кварацхелија дојде во Наполи летото 2022 година. Во Серија „А“ одигра 12 меча, постигна шест гола и пет асистенции, а блескаше и во Лигата на шампионите каде неговиот тим го освои првото место на табелата.

Се вчитува...