Новиот менаџер на Тотенхем: Не е само да победуваме, туку и да играме атрактивно

Новиот менаџер на Тотенхем, Анге Постекоглу го даде првото интеврју како предводник на тимот, откако пред неколку недели беше назначен на клупата на лондонскиот тим. Австралиецот вети дека неговиот тим ќе игра офанзивен фудбал.

Постекоглу за некого беше изненадување, со оглед дека во игра беа звучни имиња. Австралиецот кажа дека целта нема да биде само да се победува, туку и да се игра атрактивно.

„Ссакам да победувам, тоа е најважното. Го постигнав тоа секаде каде што сум бил. Фудбалот се игра за успеси, но за мене е важно и на каков начин ќе доаѓаме до победите. Ќе форсираме стил со кои повеќето играчи и навивачи ќе бидат задоволни. Крајниот резултат е важен, но важен е и начинот по кој е постигнат, и тоа за мене е начин да бидеш успешен“, изјави Постекоглу.

Се вчитува...