„Новиот Меси“ ќе му стане соиграч на Миовски?

Џирона лани блескаше во шпанската Ла Лига, резултатите во новата сезона не се на очекуваното ниво, па управата на клубот планира дополнително да ја засили навалната линија. Бојан Миовски би можел да добие сериозна конкуренција откако Џирона почна преговори со Барселона за во своите редови да го доведе Ансу Фати.

„Бисерот“ на младинската школа на Барса важеше за наследник на Лео Меси кога аргентинскиот генијалец го напушти каталонскиот гигант, но Фати и покрај успешниот старт на кариерата сепак не го оправда ваквиот епитет, најмногу поради серијата малери со повреди што го следи во последните две години.

Тој мина дел од ланската сезона на позајмица во Брајтон, но ниту таму не ги задоволи очекувањата, првиот дел од оваа сезона го мина во Барселона, каде добиваше премалку шанси да ги покаже квалитетите. Финансиските проблеми на Барса го прават Фати достапен за трансфер под прифатливи услови, но Џирона ќе инсистира на позајмица на шест месеци, за да не влезе со ризик за ангажман на фудбалер кој има константни проблеми со повреди во последните години.

Се вчитува...