Новиот Модриќ е трансфер цел на Арсенал (ВИДЕО)

Арсенал во летниот трансфер рок успеа да стигне до долго посакуваниот трансфер со ангажман на Деклан Рајс, а „топџиите“ тука не застануваат со новите засилувања.

Во следниот период лондонскиот клуб ќе се обиде да го откупи договорот на Мартин Батурина, 20-годишниот хрватски „вондеркид“ кој скаутите го споредуваат со неговиот сонардоник, легендата на Реал Мадрид Лука Модриќ.

Батурина кој настапува за младинските селекции на хравтската репрезентација е дел од Динамо Загреб. Претходната сезона настапи на 34 натпревари на кои шест пати ја затресе мрежата и 13 пати асистираше до своите играчи.

Трансфермаркт го проценува на 15 милиони евра, но со оглед на интересот кој постои од Италија и Германија, Арсенал ќе треба да понуди далеку повеќе доколку сака да го реализира трансферот на „новиот Модриќ“.

Се вчитува...