Новиот Opel Combo прогласен за Меѓународен ван на годината за 2019

Новиот Opel Combo Cargo е меѓународен ван на годината за 2019 (IVOTY), најпосакуваната титула во бизнисот со лесни комерцијални возила (LCV). Доделувањето на 127 бодови на Combo од жирито составено од 25 специјализирани новинари од 25 европски земји, го позиционираше новиот Opel пред второпласираниот Mercedes Sprinter (92 поени). Високото задоволство при возењето, иновативните системи за помош и економијата одиграа решавачка улога за новиот Combo да ја донесе оваа престижна награда во Риселсхајм по трет пат од нејзиното воведување во 1992 година. Opel  претходно ја освои наградата International Van of the Year со Astra Van во 1999 година и со Vivaro во 2002 година. Новиот Opel Combo е развиен од Groupe PSA и оптимизиран да ги задоволи потребите на брендот. Доделувањето на наградата се одржа на саемот за комерцијални возила на IAA во Хановер. Главниот извршен директор на Opel, Мајкл Лохшелер, ја прими наградата за Combo од претседателот на IVOTY, Џарлат Свини.

” Mногу сме горди на оваа награда”, изјави Мајкл Лохшелер. “Победата, исто така ги покажува можностите за Opel во PSA групацијата. Со Combo сега го напаѓаме C-ван сегментот и досега сме немале истакната улога тука. Има огромен потенцијал за развој на Opel во LCV бизнисот. Затоа е и соодветно што ја добивме одговорноста за развивање на нова LCV платформа за целата група на PSA во Риселсхајм”.

Жирито беше многу импресионирано од можностите на Opel Combo: “Инженерите и дизајнерите за првпат успеаја во историјата на LCV да создадат мулти-бренд ван, каде што сите брендови ги задржуваат своите основни вредности и бренд личноста речиси без било каков компромис. Моделите на PSA го редефинираат целиот сегмент на современи компактни комбиња со нов пристап во дизајнот, се вклопуваат и завршуваат на ниво како и компактни автомобили и имаат уникатно чувство на комфор”.

Жирито, исто така, ги пофали бројните системи за помош на Opel Combo, како што е индикаторот за преоптоварување базиран на сензори и одличната видливост во сите околности. Втората камера во огледалото на патниците, на пример, ја намалува слепата точка на оваа страна од возилото. Combo Cargo дополнително доби добри оценки поради новиот сензор базиран на Flank Guard. Според тоа, жирито заклучи:

“Комбињата на PSA се убедливи на повеќе начини. Тие прикажуваат вистински новини кои се модерни, удобни и полни со денешните безбедносни технологии. Употребувајќи ги, тие даваат уживање во возењето и генерално, многу добро ниво на однесување. Тие нудат професионалци со широк избор на шасии и мотори. Јасно е, тоа е новата референца во светот на комбиња “.

 

Висока ефикасност во секој поглед

Новиот Opel Combo ја има својата светска премиера на IAA за комерцијални возила во Хановер (оддел C 64, сала 13). Новиот Combo е развиен со амбиција да понуди максимална ефикасност на професионалци и најниски трошоци за одржување во сегментот, благодарение на новата архитектура, генијалното пакување и уникатен спектар на системи за помош што резултира со исклучително ефикасен транспортер.

Од самиот почеток, Opel Combo е достапен во бројни варијанти, вклучувајќи стандардна верзија од 4,40 метри, тип XL од 4,75 метри и пространа кабина со пет седишта за екипажот со две лизгачки врати како стандард. Новиот компактен транспортер на Opel исто така ги надминува повеќето од главни конкуренти со волумент од 4,4 м3, носивост до 1.000 кг и можност за превоз на предмети со должина до 3.440 мм. Умно дизајнираната површина за товарење е доволно широка помеѓу лаковите на тркалата за да се овозможи вметнување до две евра палети – дури и во Combo со кратко меѓуоскино растојание. И исклучително долги предмети, како што се дрвени штици, може да се складира под агол благодарение на опционалниот отворот на покривот.

Комерцијален текст

Се вчитува...