Купер Флег, 18-годишниот американски кошаркар кој тамошните медиуми го нарекуваат најголемото кошаркарско чудо по Леброн Џејмс се очекува да биде избран како прв пик на овогодинешниот драфт во НБА и да заврши во редовите на Далас Маверикс.
Флег кој игра може да игра и на бековските и на позицијата ниско крило помина само една година во НЦАА лигата настапувајќи за Универзитетот Дјук и веќе доби голема заработка од спонзори.
Новите правила во американската колеџ кошарка кои овозможуваат кошаркарите да заработуваат преку својот имиџ, бренд и име му донесоа заработка од 28 милиони долари и тоа за само една сезона. 15 од нив се од фирмата „Фанатикс“, додека 13 од компанијата „Њу Баланс“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

