Македонија по една година пауза повторно ќе има претставник во БИБЛ-лигата откако денеска беше обелоденето дека тимот на ТФТ прифатил да стане дел од ова регионално кошаркарско натпреварување. Информацијата на официјалната веб-страница ја објавија челниците на БИБЛ, потврдувајќи дека претседателот на ТФТ, Борко Смилковски, и официјално го регистрирал тимот за учество во регионалната лига.
ТФТ е клуб формиран во 2010 година во скопската населба Карпош. Минатата сезона овој тим бележеше добри резултати, а по прекинот на натпреварувањето доби зелено светло за преселба во елитното друштво, како првопласирана екипа во втората лига во моментот на прекинот. Сезоната 2020/21 ќе биде прва за ТФТ во македонската елита, а амбициозната управа на клубот реши да го пријави овој тим за настап и на регионалната кошаркарска сцена.
Неофицијално, втор тим што ќе ја претставува Македонија во БИБЛ ќе биде Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА