„Новиот селектор на Хрватска може да биде странец, но никако од поранешна Југославија“

Хрватската јавност фрла со дрва и камера по селекторот Перковац, барајќи негова смена по слабите резултати на „коцкестите“ на последниот ракометен европски шампионат. Перковац со години критикуваше за слабото водење на националниот тим, сега кога тој е на кормилото вината ја префрли од струката кон играчите и клубовите, а токму затоа веќе со денови е активна кампањата за негова смена.

Конечната одлука сепак ќе ја донесе Зоран Гобац, човекот кој со години е „алфа и омега“ во хрватскиот ракомет, а кој сега ја извршува функцијата координатор на машкиот ракомет, што до пред извесно време под Лино Червар.

„Вистина е, јас сум тој што ќе одлучи за селекторот и нема да ми биде првпат. Го поставив Здравко Зовко за селектор, па тој во 1994 донесе европска бронза, а потоа во 1995 и светсско злато. По дебаклот во 2002 бев поставен за координатор и долго барав решение, на крајот го најдов Лино Червар иако во тоа време ретко кој имаше слушнато за него. Секогаш сум ја носел вистинката одлука за хрватскиот ракомет, мораме добро да размислиме и да анализираме бидејќи претстојните олимписки квалификации се преголем влог и никако не смееме да кикснеме. Можно е и Перковац да остане. Најпрвин морам да го видам неговиот извештај, да разговарам со членовите на стручниот штаб, но и со поискусните ракометар. Мораме да ја имаме во предвид целосната слика што се случувало за време на ЕП. Селектор странец? Зошто да не, но морам да кажам дека во предвид не доаѓа ниту еден тренер од просторите на поранешна Југозлавија. Ако говориме за странец, тоа мора да биде само странски стручњак од светска класа“, порача Гобац.

Се вчитува...