Новиот сопственик на Вардар, Атила Бижен Жалили, во писмо испратено до медиуми најави итна консолидација на финансиски, организациски и резулатски план на „црвнео-црните“.
Тие упатуваат јавна благодарност до раководството на Вардар, и исто така истакнуваат дека веќе имаат искуство со менаџирање на неколку фудбалски клубови.
„Задоволство ми е да ја информирам македонската публика дека од договорот од 07.10.2024 година, преземени се 85% од акциите од страна на менаџментот на мојата компанија. Имаме многу исуство со менаџирање на фудбалски клубови и имаме соработка со многу познати фудбалски клубови во Европа, и ветуваме брза финансиска, организација и резултатска консолидација на еден од најголемите спортски брендови во Македонија. Во последните неколку години, со оглед на бизнисите кои ги поседуваме, нашата цел беше да земеме клуб од Централна Европа или од Балканот. Имавме неколку опции, но благодарение на аргументите презентирани од г-нот Миленко Неделковски, се одлучивме да инвестираме во најголемиот спортски бренд во Македонија. Ајде да го направиме Вардар повторно успешен“, стои во писмото потпишано од Атила Бижен Жалили.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА