За прв пат во историјата, на Зимските олимписки игри, медалите беа доделени во скијачко планинарење, сè попознато под кратенката „скимо“.
Жените беа првите што се натпреваруваа во новата дисциплина, а Швајцарката Маријан Фатон го освои златото. Таа ја помина патеката за 2:59,77 минути. Среброто оди во рацете на Франција благодарение на Емили Хароп (+2,38 секунди заостанување), а бронзата отиде во рацете на Шпанката Ана Алонсо Родригез, која е актуелна европска шампионка (+10,45 секунди заостанување).
И во машка конкуренција, актуелниот светски шампион освои злато. Тоа е Шпанецот Ориол Кардона Кољ. Тој ја помина патеката за 2:34.03 минути. Русинот Никита Филипов беше одличен во вториот дел од патеката, по скалите. Момчето од Камчатка на тој начин го освои сребрениот медал (+1,52 секунди заостанување).
Иако Швајцарците Арно Леита и Јон Кислер водеа поголемиот дел од трката, тие не освоија медал. Бронзата ја освои Тибо Анселм, Французинот кој беше сребрен на Светското првенство минатата година (+2,31 секунди заостанување).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

