Новиот спортски директор на Ливерпул има големо промашување: Го продал Осимен за „семки“

Од идната сезона Ливерпул ќе има нов спортски директор. Станува збор за Германецот Јорд Шмадке, кој во минатите пет години работеше во Волфсбург.

Шмадке во Волфсбург имаше неколку добри потези, но не може да се каже дека на клубот му донел којзнае каков профит, и покрај тоа што во тој клуб продефилираа многу силни играчи.

Навивачите на Ливерпул се прашуваат зошто Клоп го одбрал токму Шмадке, кој има едно големо промашување во својата кариера. Тој е Виктор Осимен, кој го довел во тимот, но потоа го продал за „семки“.

Во 2017 година, тогаш анонимниот Осимен пристигна во Волфсбург за 3,5 милиони евра од Ултимејт Страјкерс Академија, што преставува голема отштета за некој афрички клуб. Но неговите партии не беа добри, а како што Волфсбург во таа сезона се бореше за опстанок, од идната се сврте кон поискусни играчи.

Така Шмадке го испрати Осимен во белгиска Шарлероа на позајмица и постигна 20 гола во 36 настапи. Се очекува дека тоа е одлично за Германците, но Шмадке направил голема грешка. Шарлероа имаше право да го откупи за 3,5 милиони евра, и тоа го стори. А тимот претходно имал купувач за него.

Веднаш откако ги дадоа тие пари, го продадоа на Лил за 22,5 милиони евра. Тоа значеше чисти 20 милиони евра за белгискиот тим, а потоа Лил го продаде на Наполи за 55 милиони евра повеќе.

Останува нејасно што му се вртело во глава на Шмадке, но дефинитивно тоа е најголемото промашување. Спортскиот директор очигледно немал трпение за Нигериецот, кој сега е најбарниот напаѓач во Светот, и неговата цена може да достигне и до 150 милиони евра.

Се вчитува...