Новиот тренер на Абердин: Клубот ќе заработи многу од Миовски, ќе даде повеќе од 30 голови

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, игра во одлична форма во шкотски Абердин. После голот против едниот гигант Селтик, синоќа го „тресна“ и вториот шкотски гигант Глазгов Ренџерс. Миовски така го постигна 20-тиот гол во сезоната во сите натпреварувања за Абердин.

Новиот тренер на Абердин, легендарниот Нил Ворнок смета дека клубот направил вистински потег што не го продал во зимскиот преоден рок, и дека очекува Миовски да стигне до бројката 30 голови, а потоа клубот да заработи многу од негова продажба.

„Драго ми е што не беше продаден во зимскиот преоден рок. Абердин ќе заработи многу од продажбата на Миовски. Сигурен сум дека ќе постигне 30 голови оваа сезона“, рече Ворнок и додаде:

„Му го кажав тоа и на Миовски, дека лесно ќе даде уште 10 голови затоа што ќе креираме шанси за него. Со тек на време се подобро се познаваме, момците ќе знаат во кој правец одиме, и Миовски ќе има повеќе шанси“, кажа Ворнок.

Се вчитува...