Новиот тренер на Будуќност пристигна од Студентски Центар

Будуќност синоќа претрпе уште еден пораз во АБА-лигата, на гостувањето против Игокеа, по што управата на клубот се јави со соопштение дека за нов шеф на стручниот штаб е именуван Андреј Жакељ.

Миовиќ доби отказ уште пред десетина дена, во меѓувреме беа водени преговори со неколку стратези, за на крајот изборот да падне врз Жакељ, стратегот што одлично го водеше Студентски Центар, клуб што важи за „втора екипа“ на Будуќност.

„На вонредната седница на УО на Будуќност е донесена одлука местото главен тренер на сино-белите да го преземе Андреј Жакељ“, се вели во соопштението на црногорскиот кошаркарски гигант.

Жакељ лани за малку ќе приредеше сензација со елиминација на Партизан во четвртфиналето од АБА-лигата, тимот на Студентски Центар под негово водство играше одлична кошарка, притоа промовирајќи неколку млади и исклучително талентирани играчи на сениорско ниво.

Се вчитува...