Новиот тренер на Челси го отпиша младиот Србин

Фудбалерите на Челси се подготвуваат за престојните предизвици во англиското првенство, а новиот тренер Енцо Мареска има „слатки маки“ да го одбере тимот кој во моментот брои 44 фудбалери и е на добар пат да стигне до 45-тото засилување во напаѓачот Омородион.

Интересно, Челси во моментот има потпишано седум голмани, а само еден од нив е „вишок“. Тоа е српскиот интернационалец Ѓорѓе Петровиќ кој минатата сезона се наметна како незаменлив дел од тимот настапувајќи на 23 натпревари во Премиерлигата.

Сепак младиот Србин не е во плановите на Мареска поради слабата игра со топка во нозете. Италијанскиот стратег сака играта да започнува од последната линија, а за 24-годишникот тоа е еден од послабите сегменти од играта.

Се вчитува...