Новиот тренер на Наполи: Со нетрпение чекам да ги видам квалитетите на Елмас

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елјиф Елмас во новата сезона во италијанскиот шампион Наполи ќе има нов предводник во името на Руди Гарсија.

Искусниот стратег со нетрпение чека да ги почне подготовките со „наполитанците“, а вели дека фудбалер како Елмас е дар за секој тренер.

„Ако Елмас навистина е толку разновиден фудбалер, тогаш тој е подарок за секој тренер. Речиси секогаш во тимот треба да имате еден-двајца такви поливалентни играчи, кои може да одговорат на секоја позиција на која ќе ги ставите и тренерот да ги користи во различни улоги кога ќе затреба. Сепак, Елмас кога ќе се врати, прво ќе го проценам“, рече Гарсија.

Се вчитува...