Реал Мадрид објави дека по крајот на Светското првенство во Русија на клупата доаѓа 51-годишниот Хулен Лопетеги, Баскиецот кој е актуелен селектор на Шпанија.
Изненадувачка вест со оглед на тоа што неговото име воопшто не се спомнуваше меѓу кандидатите за нов тренер на „кралевите“. Во тренерската кариера ги водел само Рајо Ваљекано, Реал Мадрид Б и Порто каде беше две години и доби отказ откако не успеа да ја освои титулата. Сениорската репрезентација на Шпанија ја презеде во 2016 година.
Но, она што е интересно за шпанската јавност е неговата изјава на прашањето кој е најдобриот фудбалер според негово мислење…
„Нема збор, најдобар во историјата на фудбалот е Лионел Меси“ – изјави Лопетеги неодамна.
Па, прашање е колку ова ќе му се допадне на Кристијано Роналдо, кој по освојувањето на петтата Златна топка сам себе се прогласи за најдобар во историјата!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА