Кристијано Роналдо денеска и официјално беше претставен како нов играч на саудискиот клуб Ал-Наср. 37-годишниот португалски ас потпиша двогодишен договор кој му носи заработка од 200 милиони евра по сезоната што го прави најскапиот играч во историјата на спортот.
А, на пресконференцијата „шоуто го украде“ неговиот нов тренер, Руди Гарсија кој на прашање како се чувствува низ смеа изјави дека е пресреќен. Со тоа на социјалните медиуми веднаш се јавивја и шеги на сметка на Ерик тен Хаг како „ќелавкото“ не знае да цени големината на Португалецот за разлика од Французинот.
A coach that knows Ronaldo’s talent..unlike that bald guy at United. pic.twitter.com/mQXmwKGO90
— All things Portugal (@PortugalTaIk) January 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

