Новиот трипл-дабл на Јокиќ недоволен за триумф над шампионот

Никола Јокиќ стигна до нов трипл-дабл, но и тоа беше недоволно за Денвер да излезе како победник на гостувањето со Оклахома Сити, дуел што актуелниот првак по продолжение го доби со 127-121. Српскиот центар доминираше завршувајќи го натпреварот со 23 поени, 18 скокови и 14 асистенции, но имаше и невообичаено слаб шут (2/10 за тројка, 9/25 од игра). Мареј беше одличен за Денвер со 39 поени, но и тоа беше недоволно, пред се откако одбраната колабираше во продолжението, Оклахома Сити постигна 20 поени во допонителните пет минути и на крајот стигна до победата.

Најдобри поединци во победничкиот тим беа Гилџус Александер со 36 поени и Холмгрем кој стигна до дабл-дабл од 15 поени и 21 скок.

Многу интересно беше и на „дербито на истокот“, каде Детроит по голема борба го совлада Кливленд со 122-119, исто така по продолженија. Гостите причината за поразот мора да ја бараат во слабиот напад во дополнителните пет минути, во кои постигнаа само пет поени, по што неуспехот беше неизбежен.

Дурен со 33 поени беше прв стрелец на Детроит, Канингем имаше 25 поени и 10 скокови, додека 25 поени во таборот на Кливленд реализираше Ален.

Резултати НБА:

Детроит – Кливленд 122-119 (по прод.), Бостон – Бруклин 148-111, Милвоки – Њујорк 98-127, Далас – Мемфис 105-124, Оклахома Сити – Денвер 127-121 (по прод.)

Се вчитува...