Мика Бирет е најпријатното откритие во европскиот фудбал. Во зимскиот преоден рок младиот 22-годишен голгетер премина од Штурм во Монако за 12 милиони евра и продолжи со фантастичните настапи и во Франција.
На пет натпревари за новиот клуб постигна седум голови од кои три во последната средба против Нант, а интересно тоа за него е вториот хет-трик во сезоната.
Бирет е роден во Лондон и потекнува од младинската школа на Арсенал па може да игра и за Англија, но на масата има повеќе опции. Неговиот татко има данско и германско потекло, а неговата мајка е од Босна и Херцеговина.
На неговиот „Инстаграм“ профил веќе се „активираа“ љубителите на фудбалот во оваа поранешна југословенска држава кои го молат да го облече дресот. „Те молам играј за Босна“, „Дојди во Босна“, „Босна те чека“, се само дел од коментарите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

