Македонските одбојкари по двата порази во Романија, денеска се израдуваа на победа во контролата со Шведска, што сигурно ќе влијае позитивно врз самодовербата на дваесетина дена до почетокот со настапи на Европското Првенство во Словенија.
Нашиот национален тим се појави во нова опрема, која ќе ја носи и на европскиот шампионат и која им донесе среќа на избраниците на селекторот Матијашевиќ. Победата мора да радува, но факт е дека не смее да се случуваат толкави осцилации во играта, нешто што ќе мора да се корегира во наредниот период.
Време за темпирање на формата има сосема доволно, за Македонија достојно да дебитира на големите одбојкарски натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА