Новите дресови на репрезентацијата ги подели мислењата на Хрватите (ФОТО)

Хрватската фудбалска репрезентација добива нов изглед на дресовите кој ќе доминира во следните две години. За прв пат истите ќе бидат користени на пријателски турнир кој наскоро ќе биде одигран во Каиро, а и покрај тоа што се уште не се официјално промовирани, денеска протекоа фотографии на социјалните мрежи.

Популарниот „Footy Headlines“ ги објави на мрежата „Х“ (поранешен Твитер) и ги подели мислењата на фановите. „Домашната гарнитура“ на која доминираат црвената и белата боја за разлика од минатото ќе има големи квадрати, додека темно сината има дијагонални квадрати и нијанса на црвена боја.

Се вчитува...