Новите копачки на Роналдо се хит (ФОТО)

Кристијано Роналдо требаше да ги промовира своите нови копачки во полуфиналето од Лигата на шампионите, но по елиминацијата на Јувентус од Ајакс сега Португалецот ги промени плановите.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од новите брендирани копачки на големиот ас, со најава дека тој би можел да настапи во нив веќе на вечерашното дерби против Интер. Низ целите копачки, произведени од американската компанија „Најк“ е испишан написот „CR7STIANO“, а се очекува моделот да се појави во продажба во текот на следниот месец.

 

Се вчитува...