Фудбалерот на Баерн Минхен, Кингсли Коман, поради бизарна причина не беше во можност да настапи на првенствениот меч против Аугсбург, во кој баварците лесно триумфираа со резултат од 3-0.
Имено, новите копачки на Коман за кои има договор да ги рекламира, му создавале иритација на кожата на левата нога, па тоа го спречувало да излезе на терен. Најверојатно ќе паузира во следните две недели, што значи дека ќе ги пропушти средбите со Андерлехт во ЛШ и со Борусија Менхенгладбах во Бундес-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА