Со новите PremiumContact 6 пневматици, создавачите на пневматици од Континентал успеаа во тоа да го спојат удобното со спортското. Ова значеше доаѓање до нови решенија за максимална безбедност, висока удобност при возењето и уникатен дизајн на шарата за супериорно управување. “Главниот услов на новите PremiumContact 6 е да достават бескомпромисна безбедност“, вели д-р Буркард Вајс, раководител на линијата за развој на пневматици ЕМЕА / Америка OE и Промена во Континентал. “Создавањето на пневматик кој е толку избалансиран што може да го задоволи овој предизвик, а кој во исто време нуди и максимална удобност и прецизност, динамично возење, како и голема километража и низок отпор на движење беше голем предизвик и огромен мотиватор”.
Како и неговите претходници, ContiSportContact 5 и ContiPremiumContact 5, новиот PremiumContact 6 пневматик нуди врвни перформанси на сопирање, особено на влажни коловози. Многуте експерти во Континентал во Хановер развија решенија кои овозможуваат значителен напредок и во другите параметри на пневматиците, без да се намали високата безбедност на пневматиците. Иновациите вклучуваат ново синтетичко соединение на аморфен силициум, за подобрување на сопирањето на кратки растојанија на влажни коловози во сите сегменти на возилото. На етикетата на ЕУ за пневматици, новите PremiumContact 6 го имаат достигнато врвниот “А” рејтинг за управување на влажни коловози.
Хемичарите и инженерите во Континентал, исто така, имаат поставено нова основа за постигнување на забележително подобрување во километражата, отпорноста при сопирање и удобноста. Решението беше да се направи комбинација од полимер отпорен на абразија и еластична шара на текстурата на пневматикот. Како резултат на тоа, новите PremiumContact 6 забележуваат подобрување од 15 проценти во километражата споредено со неговиот претходник, а во исто време бучавата во ентериерот и екстериерот од пневматиците е намалена за околу десет проценти.
Заедно со високите стандарди во однос на безбедноста и удобноста, уште еден клучен фактор беше овозможување на спортско управување во сите модели на автомобили. За таа цел, создавачите на пневматиците го усвоија “Shoulder design” на високо-технолошкиот пневматик SportContact 6 во комбинација со асиметрична геометрија. Овој “напреден макро-блок дизајн” имплементира долги блокови кои меѓусебно се поддржуваат, обезбедувајќи дополнителен контакт со коловозот. Резултантната комплексна блок структура во рамото на пневматикот е способна многу ефективно да пренесе дури и екстремно високи сили, како оние кои се генерирани во свиоците. Асиметричната структура во шарата обезбедува слично ниво на перформанси во пренесување на силата во страничните насоки. Ова им дава на PremiumContact 6 пневматиците својства на ракување кои се за 3% подобри од оние на ContiSportContact 5.
Со новите PremiumContact 6, Континентал развија пневматик кој има подобри перформанси од неговите претходници во безбедност, удобност и управување, како и во параметри релевантни за околината како што се подобрена километража и отпор при движење. Достапниот асортиман вклучува пневматици за модели на автомобили од средна класа па до SUV сегментот.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА