Новите засилувања на Пелистер во еден глас: Се надеваме дека ова ќе биде успешна сезона

Mакедонскиот ракометен шампион Пелистер ги стартуваше подготовките за новата сезона во која повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите.

Промовирани беа новите засилувања, а тренерот на екипата Александар Јовиќ вети дека неговите играчи достојно ќе го претставуваат Еурофарм Пелистер и градот Битола во Лигата на шампионите.

Српскиот бек Урош Борзаш со одушевување гледа на новиот проект, по искуствата во Унгарија, Франција и Норвешка.

„За мене Лигата на шампионите со Елверум значеше едно големо искуство и сакам да го пренесам тоа на екипата. Сакам да помогнам во било кој сегмент“, вели Борзан. 

Најц Цехте ги искажа своите првични импресии од пристигнувањето во Битола…

„Со Лесјак многу зборував за атмосферата во клубот и градот и ми кажа само убави зборови. Се надевам дека така ќе биде и оваа сезона и ќе успееме да освоиме што повеќе трофеи“, изјави Цехте. 

Слично размислува и Андреас Јохан Нилсен…

„Гледам некои видеа и „лудо“ е да се игра тука. Ова е поинакво искуство од сите претходно. Се надевам дека ќе победиме многу натпревари, а цел е и да го освоиме првенството“, изјави Нилсен.

Се вчитува...