Францускиот ПСЖ на Твитер го претстави новиот резервен дрес на тимот за следната сезона.
Дресот е во бела боја, а главен „манекен“ на претставувањето беше Килијан Мбапе. Французинот беше една од главните ѕвезди на неодамнешното СП во Русија, но вистинската причина за неговата манекенска улога на претставувањето на дресот е новиот број што ќе го носи сега во ПСЖ.
Мбапе од следната сезона ќе го носи дресот со број „7“ кој го доби откако Лукас Моура се пресели во Тотенхем. Инаку, негов омилен број е „10“, но „десетката“ во ПСЖ е резервирана за Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА