Легендата на Далас Маверикс, Дирк Новицки верува дека Лука Дончиќ ќе продолжи да настапува во Лос Анџелес и нема да бара нова средина како слободен играч со оглед на тоа што и ја има таа опција.
Словенечкиот ас доколку останеше во Далас можеше да потпише „супермакс“ договор кој ќе му донесеше над 300 милиони евра. Тоа не е опција во ЛА Лејкерс па во американската јавност се постави прашањето дали ќе замине доколку некој клуб му понуди подобри финансиски услови.
„Поради трејдот нема да може да потпише „супермакс“ договор што значи дека ќе загуби повеќе од 100 милиони долари. Но, на крајот на денот Лука не е тип кој игра за пари. Мислам дека трејдот нема да му влијае на таков начин. Мислам дека ќе остане во Лејкерс“, изјави Германецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА