Легендарниот германски кошаркар Дирк Новицки, вели дека сакал да му биде ментор на Лука Дончиќ, но за тоа немало потреба поради зрелоста на младиот словенечки кошаркар. Новицки кој со Далас Маверикс ја освои титулата во НБА лигата во 2011 година, најверојатно ја игра последната сезона во кариерата, а Дончиќ е најголем кандидат за освојување на признаниет за најдобар дебитант.
„Тој е младо момче со голема самодоверба, затоа нема што многу да го научам. Веќе има и искуство и самодоверба во клучните моменти. Поседува способност да заборави на нештата што се случиле пред 5 или 10 секунди. Знае да ја направи вистинската работа во вистинско време, а таа способност се развива многу по 19. или 20. година“, изјави Новицки.
Новицки сезонава бележи по 6,6 поени и 2,7 скока што е голем пад во споредба со неговите бројки во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА