Новицки: Се надевам дека Лука цела кариера ќе ја помине во Далас

Легендарниот Дирк Новицки се надева дека Лука Дончиќ целата кариера ќе ја помине во редовите на Далас Маверикс. Младиот словенечки кошаркар веќе важи за еден од најдобрите играчи во историјата на франшизата од Тексас.

„Лука има само 20 години, интересно е да го гледате. Се надевам дека целата кариера ќе ја помине во Далас. Се надевам дека ќе можеме да уживаме во неговите партии уште долго. Уште е многу млад. Очекувам уште долго да игра на високо ниво и верувам дека еден ден ќе успее да ја освои и шампионската титула“, изјави Новицки. 

Далас досега сезонава има скор од 33 победи и 22 порази и во моментов го зазема шестото место во Западната конференција.

Се вчитува...