Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда официјално промовираше ново летно засилување. Станува збор за американскиот интернационалец Мајк Даум кој последната сезона ја помина во редовите на Анадолу Ефес.
За 28-годишниот крилен центар кој минатата сезона бележеше просек од 9.4 поени и 2.2 скокови на 11 натпревари во Евролигата белградскиот тим ќе биде четвртти во неговата кариера по Обрадорио, Дертона и Ефес.
КК Црвена звезда Меридианбет обавештава јавност да је уговор са нашим Клубом потписао крилни центар Мајк Даум!
Welcome Mike! 🔴⚪️#kkcz #WeAreTheTeam @EuroLeague pic.twitter.com/SAhhUoeSPB
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) June 26, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА