Одличната форма на Мемфис продолжи и на мечот против Сан Антонио во кој Гризлис стигнаа до 28 победа во сезоната совладувајќи го Сан Антонио со 135-129. Лидер на тимот повторно беше Џа Морант кој постигна 38 поени, 5 скока и 4 асистенции.
Притоа младиот кошаркар имаше и брутално забивање над Поетл кој експресно стана хит на социјалните мрежи. Интересно, оваа не е прв пат канадскиот кошаркар да се најде на погрешната страна кога станува збор за „постерите“ на Морент.
JA MORANT OH MY GOODNESS pic.twitter.com/mqU8YnRd7y
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 12, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

