Резултатската криза на кошаркарите на Реал Мадрид уште повеќе се продлабочи по најновиот пораз, овојпат на домашен терен од Фенербахче со убедливи 70-82, втор неуспех во три дена за „кралкиот клуб“ во елитното европко натпреварување. Откако претходно беа поразени со кош во последната секунда од аутсајдерот Асвел, овојпат „кралевите“ дозволија Фенер да доминира во долги периоди од мечот, резултатски да се одлепи и да стигне до својата десетта победа сезонава во Евролигата.
Домаќините имаат за што да жалат ако се земе во предвид и перфектната прва четвртина во која имаа и двоцифрена предност, добивајќи ја на крајот со 20-12. Фенер одговори со 11 поени во низа на самиот старт од втората четвртина, избраниците на Јасикевичиус се наполнија со самодоверба додека „кралевите“ одиграа потпросечно во нападот до самиот крај, по што новиот пораз беше неизбежен.
За фрустрациите на шпанскиот најдобро говори и исклучувањето на Марио Хезоња, кој за навреди кон судиите доби две технички грешки и мораше предвреме да се упати кон соблекувалната.
Хејс Дејвис одигра маестрален меч со 33 поени, двоцифрен беше само уште Болдвин со 10 поени и 5 асистенции, додека најефикасни кај Реал Мадрид беа Кампацо со 14 и Тавареш со 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА