Кошаркарите на Партизан повторно се посрамотија откако вечерва по голема борба беа поразени од „фенерџијата“ во Евролигата, тимот на Асвел со резултат 88-87. Францускиот тим имаше само две победи во пресрет на оваа рунда, но одигра максимално мотивирано, ги казни грешките на белградските црно-бели и на крајот заслужено се радуваше на победата.
Центарот Тајрик Џонс поради повреда го пропушти натпреварот, а Жељко Обрадовиќ немоќно го следеше стартот, откако беше принуден да земе два тајмаути за пет минути, а неговиот тим се најде во негатива од 16-2. Предноста на домашниот тим полека, но сигурно се топеше, на одмор се замина со „плус шест“ на Асвел, а Партизан нa три минути до крајот поведе со 75-79, потоа имаше и напад за „плус шест“.
Тогаш почна новиот кошмар за Обрадовиќ, неговите кошаркари влегоа во огромна криза, противникот со серија од 9-0 го сврте резултатот во своја полза и на крајот славеше со конечните 88-87, по тројката со која Вашигтон со звукот на сирената само го ублажи поразот.
Вотсон постигна 18 поени за Асвел, исто толку имаше и Селијас, додека најефикасни кај Партизан беа Браун со 20 и Осетковски со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

