Ракометарите на Вардар се пласираа во ново финале на Струшкиот турнир откако вечерва славеше на шведскиот Гуиф со 28-26.
Првото полувреме помина во една спора и тотално неатрактивна игра во која ракометарите повеќе чекореа, откако што се бореа на теренот. Но и покрај тоа Вардар во текот на тие триесет минути држеше предност од два до три гола, а на пауза замина со максимални плус четири (14-10).
Вардарци подобро го отворија вториот дел и во еден момент стигнаа и до плус пет (21-16), но следеше голем пад по кој гостите од Шведска во 48 минута успеаја по долго време да стигнат до израмнување (22-22). Сепак, избраниците на Владо Недановски успеаја да ги збијат редовите и на крајот да стигнат до конечен триумф од 28-26.
Во финалето Вардар за противник го чека подобриот од дуелот меѓу Алкалоид и грчки АЕК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

